Нинтендо најави мобилна верзија на познатата игра од деведесеттите "Mario Kart"

Долго време креаторите на познатата игра од деведесеттите “Mario Kart” најавуваа верзии и за другите платформи, и оваа година тоа дефинитивно ќе се оствари. Точниот датум сè уште не е познат, но се верува дека тоа ќе биде многу брзо и се очекува играта да ги сруши сите поранешни рекорди.
Првата верзија на “Mario Kart” е објавена во 1992 година со назив “Super Mario Kart” и беше игра што рушеше рекорди. Четири години подоцна се појави наследникот со име “Mario Kart 64” која постигна уште поголем успех од претходната и беше продадена во повеќе од 10 милиони копии.
Од Нинтендо најавуваат верзии за андроид и IOS и очекуваат со тоа да ги срушат рекордите кои ги постигнаа другите игри на Google Play и AppStore.

“Програмирањето на играта е во завршна фаза, очекуваме одлични реакции од фановите и се надеваме дека многу брзо играта ќе биде достапна за симнување”, изјавија од Нинтендо.

Претходна Ленд Ровер Дифендер со В8 мотор од Корвета
Следна Gembala GTR 8XX Evo-R Biturbo е тјунирана верзија на Porsche 911 Turbo S

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!