Германските фудбалери ќе добијат богатство доколку го освојат Светското првенство во Катар

Германската фудбалска репрезентација ќе добие по 400.000 евра доколку го освои трофејот на Светското првенство чиј домаќин е Катар, објави во неделата Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ).

Претставниците на националниот тим, предводени од капитенот Мануел Нојер, се договорија со челниците на Здружението за бонус поврзан со постигнатиот резултат.

На тој начин играчите би заработиле 50.000 евра за освојување на првото место во групата, пласманот во четвртфиналето би им донел 100.000 евра, влезот во полуфиналето вреди 150.000 евра, третото место 200.000 евра и пласманот во финалето 250.000 евра.

„Водевме интензивни преговори во добра и конструктивна атмосфера. Постигнавме решение кое е прифатливо за сите инволвирани“, рече претседателот на Сојузот, Бернд Нојендорф.

За освоената титула светски првак во 2014 година во Бразил, секој германски репрезентативец беше награден со по 300.000 евра.

Титулата во Русија на секој играч би му донела по 350.000 евра, а ако Германците лани беа европски шампиони, играчите ќе беа наградени со по 400.000 евра.

Претходна Хонда бара работниците да вратат дел од парите
Следна Каков тип на хамбургер треба да избегнувате

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!