Заврши четириесет и првото издание на Дакар 2019

Овогодинешното четириесет и прво издание на релито Дакар 2019, донесе многу возбудувања. Десетте напорни етапи ја тестираа издржливоста на возачите и на нивните возила до максимум.
Сите возачи во сите категории покажаа издржливост и квалитет, но само неколку успеаја да се качат на победничкиот пиедестал во својата категорија.
Кај автомобилите оваа година првото место го освои тимот на Тојота со Катарецот Насер Ал-Атијах како возач и неговиот совозач Французинот Метју Баумел. За Ал-Атијах ова е трета титула откако во 2011 година ја освои со тимот на Фолксваген и во 2015 година со тимот на Мини.
Кај камионите и оваа година неприкосновени беа од Камаз. Едуард Николаев како возач и неговиот екипаж Евгениј Јаковлев и Владимир Рибаков го освоија првото место, а веднаш зад нив на пиедесталот застана уште еден тим на Камаз.
КТМ оваа година ги зазема трите места во категоријата за мотори. Прв беше Тоби Прајс од Австралија, втор Австриецот Матијас Валкнер и трет беше Британецот Сем Сандерленд.
Победник кај квадбајковите оваа година е Аргентинецот Николас Кавиљасо.
Погледнете го видеото и запознајте се со најдобрите моменти од Дакар 2019.

Претходна Најголемата ајкула на светот видена во водите кај Хаваи
Следна Amphi-X суперавтомобил за копно и вода

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!