Халанд го одигра најлошиот натпревар во сезоната

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер, по поразот на Манчестер Сити од Тотенхем се запраша дали Ерлинг Халанд го направи вистинскиот потег за да дојде на „Етихад“, со оглед на тоа што не го покажува целиот опсег на способности.

Норвежанецот оваа сезона во Премиер лигата постигна 25 гола на 19 натпревари и дефинитивно се изгледа одлично во однос на статистиката, но на терен ситуацијата е сосема поинаква и Халанд одигра пет-шест многу лоши натпревари во кои не придонесе за тим. Токму за ова зборуваше Карагер.
„Сега можеме да видиме дека Манчестер Сити е сосема поинаков тим, кој има постигнато ист број на голови како Халанд. Тој постигна 25 гола во Премиер лигата, а другите играчи на Сити имаат речиси исто толку, но сега и тие примија Повеќе голови. Стана полесно да се игра против нив преку контра-напади и со Халанд во составот, овој тим не е толку силен. Сепак, тоа не е негова вина“, смета Карагер.

Потоа вели дека Халанд можеби избрал погрешен клуб.

„Не го гледаме целосниот потенцијал на Халанд, односно целиот опсег на неговите способности. Причината е тимот за кој настапува и на крајот на сето тоа можеби може да се каже дека избрал погрешен клуб. смета поранешниот репрезентативец на Англија.
На натпреварот против Тотенхем, Халанд за прв пат оваа сезона го заврши натпреварот без удар кон противничкиот гол.

Во оваа сезона Халанд одигра вкупно 27 натпревари и постигна 31 гол со три асистенции.

Претходна Две моќни билки за посилна ерекција и поголемо либидо
Следна Данска и Германија ќе ги поврзува најдолгиот подводен тунел во светот

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!