Силвестер Сталоне открива за која улога имал дури седум операции

Холивудската ѕвезда Силвестер Сталоне неодамна откри дека имал седум големи операции додека се снимал филмот „The Expendables“.

Имено, 77-годишниот актер во новата сезона на шоуто „The Family Stallone“ откри дека за време на снимањето на тепачката сцена со Стив Остин во филмот „The Expendables“ од 2010 година се здобил со сериозни повреди на вратот и грбот.

„Правев глупави работи. Го режирав „The Expendables“ и се однесував како идиот. Се сеќавам на еден удар и всушност можев да почувствувам еден удар. Стив знаеше. Никогаш не се опоравив од првиот дел од „The Expendables“. После тој филм, физички никогаш повеќе не бев истиот. Ги предупредив луѓето: „Не правете акробации сами“, рече тој.

Неговата сопруга Џенифер Флавин изјавила дека се обидел да ја прикрие болката преправајќи се дека ништо не се случило бидејќи не сакал да се знае дека имал толку многу операции.

“Силвестер се обидува да ја сокрие болката, преправајќи се дека тоа не се случило. Не сака луѓето да знаат дека имал толку многу операции на грбот. За нашето семејство е многу страшно секој пат кога мора да оди на операција бидејќи никогаш не се знае. “, додаде таа.

Ќерката Скарлет додава дека им било тешко да гледаат како нивниот татко поминува низ уште една болна операција. Инаку, на актерот му бил вметнат метал во вратот, имал фузија на ‘рбетниот столб, а се лекувал и од изместени раменици.

Претходна Што се случува со телото ако често јадете сланина и лук
Следна Помага при варење и слабеење

Награден напис

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

MrBeast изгради сто бунари во Африка и обезбеди чиста вода за половина милион луѓе

Најпопуларниот YouTuber, MrBeast, во својата најнова хуманитарна мисија, ископа сто бунари во Африка и со …

Don`t copy text!