Верстапен освои пол позиција во Австралија

Холандскиот возач Макс Верстапен ја продолжи доминацијата во Формула 1 шампионатот и утринава квалификациите за трката во Австралија.

На патеката Алберт Парк, Верстапен беше најбрз во борбата за најдоброто место на стартот на утрешната трка, а на крајот ја освои пол-позицијата со време 1:15.915.

Верстапен го остави зад себе Карлос Саинц во Ферари, кој постигна време од 1:16:185, додека третото место го зазеде тимскиот колега на Верстапен, Серхио Перез (1:16.274).

Во топ 10 следат и Ландо Норис, Шарл Леклер, Оскар Пјастри, Џорџ Расел, Јуки Цунода, Ленс Строл и Фернандо Алонсо, а целокупниот редослед за стартот на утрешната трка можете да го погледнете во продолжение:
Потсетуваме, Верстапен победи на првите две трки сезонава во Бахреин и Саудиска Арабија, па моментално води во поредокот кај возачите во Формула 1 шампионатот со 51 бод, во кој Серхио Перез е на второто место со 36 бодови.

Претходна Помага при варење и слабеење
Следна Научници во Велика Британија развиваат вакцина против рак на белите дробови

Награден напис

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

MrBeast изгради сто бунари во Африка и обезбеди чиста вода за половина милион луѓе

Најпопуларниот YouTuber, MrBeast, во својата најнова хуманитарна мисија, ископа сто бунари во Африка и со …

Don`t copy text!