Колку често водите љубов?

Сексот често се зема како параметар за квалитетот на врската/бракот, а во зависност од неговиот „квантитет и квалитет“ може да се заклучи дали партнерите се уште се заљубени, или им е здодевно/по навика се заедно, па затоа и доцнат нивните брачни должности.

Секако, потребата за секс е различна, а има и луѓе со помали потреби, па не може да се изведе општо правило за количината на секс неопходна за опстанок на „здрава“ врска. Од друга страна, можно е да се следи зачестеноста на сексуалните активности: фактот дали таа се зголемува/намалува/не се менува со текот на времето, исто така кажува многу за промените во партнерскиот однос.

Општо земено, двата пола имаат тенденција да го обвинуваат „другиот“. Мажите се жалат на своите сопруги и нивната незаинтересираност за сексуалниот живот, предизвикана од прекумерната преокупираност со децата или фокусирањето на кариерата, и на тој начин често ги оправдуваат своите мали „вонбрачни патувања“. Жените (особено помладата генерација) се прашуваат каде исчезна тој опасен заводник од почетокот на врската, отстапувајќи го местото на странец заинтересиран за пиво и спортско консумирање преку малиот екран.

Во повеќето случаи, паровите во долга врска имаат значително помалку секс како што одминуваат годините. Се наведуваат причини како монотонија, навика, стареење, дури и намалена потреба за секс. Но, има и такви среќници за кои ситуацијата е обратна: колку подолго и подобро се познаваат, сексот станува се поубав и креативен, а количината не се намалува.

Некои тврдат дека повремените „безболни“ афери можат да го подобрат квалитетот на веќе заостанатиот брачен живот, внесувајќи некоја новина и страст во повеќегодишната монотонија. Ова може да послужи како пригоден изговор за изневерување, но прашање е како вашиот партнер би се согласил со слични стратегии.

За просечен хетеросексуален пар, истражувачите од Универзитетот во Чикаго составија статистика за сексуалниот живот. Ако двајца се запознале во доцните дваесетти години, се заедно една година и живеат заедно, тие ќе водат љубов во просек два пати неделно. За десет години ќе биде еднаш на неколку недели. Понатаму, ако останат во брак и „живеат“ до 75 години, крајната сума е некаде околу 960 водење љубов. Оваа бројка не е конечна ако се земе предвид дека со возраста се намалува и бројот на врски: вистинската бројка е некаде околу 700.

Статистиката за нешто како секс секогаш изгледа мрачна и, многу полошо, конечна, но не треба да се грижите за бројките. Поважен е квалитетот на секое поединечно водење љубов, околу кое треба да се вработат енергија и имагинација – императив за добар сексуален живот.

Претходна Начини на кои дињата го штити здравјето
Следна Секс поза која е најпопуларна кај сите генерации

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!