Virgin Hyperloop го изврши првото тест возење со патници

Футуристички концепт за транспорт наречен Virgin Hyperloop го изврши првото тест возење со патници.

Virgin Hyperloop вклучува капсули во вакуумски цевки кои превезуваат патници со голема брзина. Првото пробно возење со патници, поточно двајца патници кои се вработени во Virgin Hyperloop, беше извршено во пустината во Невада и траеше само 15 минути. Поминаа 500 метри и достигнаа брзина од 172 км на час.

Сепак, оваа брзина е занемарлива во споредба со целта на Virgin Hyperloop, што е брзина поголема од 1.000 км на час.

Патниците рекоа дека возењето е пријатно и дека воопшто не дава искуство на ролеркостер.

Потребна е подолга линија за да се постигне поголема брзина.

Концептот е во развој со години, а се базира на предлог на основачот на Тесла, Илон Маск. Некои критичари го опишаа како „научна фантастика“. Таа се заснова на маглев технологијата за воз и е побрза поради вакуумот.

Компанијата го анализира потенцијалот на овој концепт и во други земји. На пример, возењето помеѓу Абу Даби и Дубаи би траело само 12 минути, а денес трае повеќе од еден час.

Претходна Американски истражувачи тврдат дека можете да вежбате со маска затоа што не пречи во дишењето
Следна Претставен најмоќниот Volkswagen Golf во историјата

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!