Кафе што ве буди подобро од се друго, буквално ве „крева од мртвите“

Станува збор за кафе мазагран, кое војниците го приготвувале во 19 век, додека се уште биле во рововите. Името на пијалокот најверојатно потекнува од името на тврдината Мазагран лоцирана во Алжир, која и била доделена на Франција во 1837 година и каде бил создаден пијалокот. Во таа тврдина, француските колонијални трупи консумирале мазагран, кој се подготвувал со сируп од кафе и ладна вода.

Во португалските верзии, пијалокот мазагран се подготвува со еспресо, лимон, нане и рум, а во австриската верзија се служи со коцка мраз.

Брза верзија се прави со истурање на претходно засладеното еспресо во шолја со коцки мраз и парче лимон, правејќи го мазагран „оригиналното ладно кафе“.

Имено, кога војниците немале вода, мешале сируп од кафе заедно со рум и така успеале да се загреат. Кога војниците се вратиле во Париз, им предложиле на шанкерите да го послужат пијалокот, а бидејќи брзо станал популарен, сите кафулиња почнале да го служат во високи чаши.

Мазагран се подготвува со силно, топло кафе кое се прелива со мраз, а најчесто се служи во тесна, висока чаша. Ова кафе се прави со вода, а не со млеко. Парче лимон и неколку лажички рум потоа се додаваат во чашата (во зависност од тоа дали клиентот сака „јако кафе“ или кафе со арома).

Претходна Мета подготвува ривал на Твитер
Следна Стар рецепт за чистење на цревата

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!