Наскоро започнува снимањето на филмот „Флеш“, а Афлек и Китон повторно се во улогата на Бетмен

Долгоочекуваната филмска адаптација на приказната Flashpoint ќе започне во март 2021 година, а ќе биде во режија на Енди Мушиети, под чија режија беа снимени две продолженија на популарниот филм „IT“.
Филмот е инспириран од стриповите на Flashpoint, а во него ќе учествуваат најмалку двајца Бетмени – Бен Афлек и Мајкл Китон. Оваа информација ги воодушеви многумина кои сметаа дека Афлек и Китон нема да се вратат во овие улоги.

Заплетот на филмот ќе го следи Бери Ален кој патува во минатото за да спречи смрт на неговата мајка. Покрај тоа што во филмот ќе се појават Афлек и Китон, продуцентите на филмот најавуваат дека во филмот ќе има и низа други популарни ликови од ДЦ.

Премиерата на филмот е најавена за летото 2022 година.

Претходна Неколку чекори што ќе им го олеснат оргазмот на жените
Следна Неколку причини зошто не е паметно да легнете гладни

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!