Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина медиа, а интересно е што претходно 11 пати ја тужеше.

Според неофицијални информации, Роналдо одвоил дури 57 милиони евра за купување на Кофина Медиа, а со првиот потег што го направил ги освоил срцата на вработените.

Имено, Роналдо веднаш решил на секој работник да му врачи чек од 1.250 евра.

„Вработените беа известени по електронска пошта за исплатите, а тоа беше знак на благодарност што се дел од оваа голема компанија“, пишуваат португалските медиуми.

Претходно, новинарите на оваа португалска куќа често „копаа“ во приватниот живот на Роналдо, поради што тој дури 11 пати ги тужеше. На крајот решил да ја купи целата компанија и да ги реши сите проблеми.

“Единствената промена ќе биде името на компанијата. Сега ќе се вика Expressao Livre. Засрамени сме од сето она што се случи, но никој не се плаши дека ќе остане без работа. Свесни сме дека често го малтретиравме, но тој ја разбира нашата работа. Конкретно, среќни нашите спортски новинари“, изјави упатен од Кофина Медиа.

Претходна MrBeast изгради сто бунари во Африка и обезбеди чиста вода за половина милион луѓе
Следна Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

MrBeast изгради сто бунари во Африка и обезбеди чиста вода за половина милион луѓе

Најпопуларниот YouTuber, MrBeast, во својата најнова хуманитарна мисија, ископа сто бунари во Африка и со …

Don`t copy text!