Не сте ни слушнале за ова нарушување, а секој десетти маж страда од тоа

Бигорексија – е целосна спротивност на анорексијата (која е карактеристична за жените) и посилниот пол се доживува себеси како недоволно развиен и мускулест. Секој 10-ти маж страда од тоа.

Во просек, овие мажи се гледаат во огледало 12 пати на ден, следат строги диети, често се споредуваат со другите прашувајќи се дали се доволно развиени, фанатично се обидуваат да ја зголемат телесната маса и мускулите и често прекумерно користат стероиди.

Според истражувањата, секој десетти маж во теретана страда од ова нарушување, кое може да доведе до срцев и мозочен удар, намалување на тестисите, опаѓање на косата, летаргија, а во тешки случаи дури и мисли за самоубиство. Прекумерната употреба на супстанции за вештачко зголемување на мускулите дополнително ги нагласува гореспоменатите здравствени проблеми.

Експертите предводени од Роб Вилијамс ја проучувале бигорексијата како психолошко пореметување, кое е поттикнато од детските трауми, предизвикани од создавањето на несигурност кај детето. Токму затоа за време на пубертетот доаѓа до фрустрација при проектирање на идеален надворешен изглед, кој треба да биде показател за успех и моќ, пренесува Новости.

Ако забележите знаци на ова нарушување, разговарајте со вашите најблиски и потсетете се на вашите добри особини и дека умереноста во сè, вклучително и вежбањето, е клучот за среќата.

Претходна Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет
Следна Што се случува со телото ако често јадете сланина и лук

Награден напис

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

MrBeast изгради сто бунари во Африка и обезбеди чиста вода за половина милион луѓе

Најпопуларниот YouTuber, MrBeast, во својата најнова хуманитарна мисија, ископа сто бунари во Африка и со …

Don`t copy text!