Австралијанка од „Суперталент“ раскажува за својот за бизарен талент: Свирам флејта со вагината

Австралијанката Беатрис МекКиф неодамна го шокираше жирито и публиката на хрватскиот натпревар „Суперталент“ со својот бизарен талент. Таа потоа свиреше на флејта користејќи ја вагината и откри дека пробала и други инструменти.

Ги почести гледачите пред малите екрани со незаборавни сцени во шестата аудициска емисија „Суперталент“.

„Кога растев, вежбав гимнастика, и се случуваше мојата вагина да испушта некаков звук во одредена положба. Потоа научив како да го контролирам тој звук и како свесно да го испуштам. Мислев дека еден Ден можев да ја претворам таа вештина во изведба, па пробав неколку различни работи, како дување балони или свирење на хармоника, но флејтата најдобро функционираше“, изјави Беатрис.

Беатрис истакна дека свири на флејта од детството, но со вагина во последните 10 години.

“Почнав со флејта во основно училиште. Мојата наставничка рече дека нема надеж дека некогаш ќе свирам добро. Потоа почнав да се занимавам со циркуски вештини како хоби. Тоа е забавен начин да се остане фит и активен и да запознаваш различни луѓе и да ги користам моите вештини што ги имам стекнато“, додаде таа.

Флејтистката Беатрис работи како хируршки асистент, а нејзиното хоби се циркуските вештини. Таа откри и дека реакциите на нејзините настапи се секогаш мешани.

“Најчесто настапувам во претстави за возрасни, па луѓето очекуваат различни работи. Повеќето се шокирани, но и импресионирани. Некои не веруваат дека навистина можат да си играат со гениталиите”, додала таа.

Претходна Evanescence – Bring Me To Life 
Следна MrBeast изгради сто бунари во Африка и обезбеди чиста вода за половина милион луѓе

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!