Првиот мјузикл за деца во Македонија

“Земјата во која не се стигнува” е првиот мјузикл за деца кој се подготвува во театарот за деца и младинци. Текстот е на Оливера Николова, музиката е компонирана од Александар Џамбазов и режијата е на Виолета Џолева.
Александар Митевски е музички продуцент, а кореографијата е на Кренаре Невзати. Маја Стевановиќ е драматургот на мјузиклот, а за музучкиот аранжман ќе се погрижи Дамир Имери.
Во мјузиклот ќе учествуваат деца од 9 до 13 години кои можат да глумат и пеат, а за избор ќе се одржи аудиција на 21, 22 и 23 септември во просториите на Детскиот културен центар “Карпош”.

Претходна Најдобрите автомобили на светот за 2018 година
Следна Откриена е нова егзопланета два пати поголема од Земјата

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!