Студентката Мерин Петерсон од Универзитетот Монтреал не можела ни да претпостави какво откритие ја чека веќе на првата година на студиите по физика. Таа открила нова егзопланета.
Петерсон и нејзините колеги ја пронашле планетата работејќи со нивниот професор Бјорн Бенеке. Оваа студентка повлекувала информации од Кеплеровиот телескоп на НАСА и ги пуштала низ програма осмислена да помогне во идентификација на потенцијални егзопланети.
“Тоа не е едноставна потрага по игла во пласт сено, тоа е како да барате нешто што го нема. Сфативме дека има нешто таму кога ни стана јасно дека нешто ја блокира светлината на ѕвездата”, вели Петерсон.
Новата егзопланета Wolf 503b е двојно поголема од планетата Земја, оддалечена е 145 светлосни години и се наоѓа во соѕвездието Девица.
Постојат многу егзопланети со иста величина – голем број од нив се наоѓаат во галаксијата Млечен Пат и нивната орбита околу ѕвездите е слична со Wolf 503b. Со оглед на тоа дека во нашиот сончев систем нема планети со таква величина, астрономите не се сигурни дали Wolf 503b е составена од гас или од карпи.
“Беше неверојатно возбудливо. Мојот ментор ја нарекува моја планета бидејќи јас пишував труд за неа, но јас сметам дека тоа е тимска работа”, вели Петерсон.
Според НАСА, секоја ѕвезда видлива со голо око е опкружена со планети – некои од нив се парчиња мраз во вселената, а некои се гасови.