Усеин Болт поднесе барање да ја регистрира својата позната поза како лого и заштитен знак

Еден од најголемите светски спортисти во историјата, спринтерот и се уште актуелен светски рекордер Јамајканецот Усеин Болт, сега сака да ја регистрира и да ја заштити својата позната поза со која како лого ги прослави своите победи.

Позата во која Болт се наведнува наназад и со кренати раце насочени нагоре, каде едната рака е испружена, а другата свиткана, овој светски рекордер сака да ја заштити. Тој го поднесе барањето во Соединетите Американски Држави минатата недела.

Болт стана глобално познат по таа поза кога славеше победи откако ги освои златните медали и постави светски рекорди.
Болт сè уште ги држи светските рекорди на 100 и 200 метри, што го прави најбрзиот човек во историјата.

Според Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД, Болт поднел барање за трговската марка на 17 август.

На неа е прикажана „Силуета на маж во препознатлива поза, со едната рака свиткана и насочена кон главата, а другата крената и насочена нагоре“.

Болт планира да го користи ова лого за брендирање на очила за сонце, накит, чанти, облека, спортска опрема и ресторани и спортски барови.

Претходна Koenigsegg го претстави CC850 со 1.385 КС и мануелен менувач
Следна Серијата “House of the Dragon“ го сруши HBO

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!