Научниците пронајдоа црна дупка различна од било која досега пронајдена

Научниците пронајдоа црна дупка различна од сите досега пронајдени и велат дека ѕвездата што ја создала црната дупка исчезнала без силна експлозија.

Други црни дупки како оваа веќе се пронајдени, но научниците велат дека ова е недвосмислено откриениот објект од посебен вид, заспана црна дупка со маса на ѕвезда.

Откритието е исто така посебно затоа што тимот зад него го доби прекарот „полиција на црните дупки“ или „уништувачи на црни дупки“, што беше последица на нивната претходна работа да покажат дека бројот на откритијата на црните дупки всушност бил погрешен.

„За прв пат, нашиот тим се собра за да го пријави откривањето на црна дупка, наместо да ја отфрли“, рече во изјавата водачот на студијата Томер Шенар од Универзитетот во Амстердам.

Научниците ја опишаа оваа црна дупка како „игла во стог сено“. Астрономите веруваат дека заспаните црни дупки се релативно чести низ универзумот, но знаеме многу малку за нив, а потврдените примери се ретки.

Делумно е тешко да се забележат затоа што тоа што е во мирување значи дека не комуницираат многу со околината. Научниците со години се мачеа обидувајќи се да пронајдат таква црна дупка.

За да ја пронајдат оваа црна дупка, истражувачите погледнале речиси 1.000 масивни ѕвезди во маглината Турантула, дел од Големиот Магеланов Облак. Тие бараа ѕвезди кои би можеле да имаат придружни црни дупки, пишува Independent.

Претходна McLaren 765LT Spider развива 855 КС благодарение на Novitec
Следна „Тркало на Катарина“: Кама Сутра поза за двојно сексуално задоволство

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!