Новиот “Роналдо” од следната сезона ќе игра во Јувентус

Следната сезона Јувентус во своите редови ќе го има Жоао Феликс. Според информациите, трансферот го одобрил и Кристијано Роналдо и со тоа му ја отворил вратата на својот сонародник кој моментално игра во Бенфика. Жоао Феликс може да се пофали со одлично одиграна сезона во дресот на португалскиот прволигаш.

Иако Феликс има само 19 години, настапил веќе 39 пати со својот тим, при тоа постигнувајќи 18 гола и 9 асистенции.

Овој португалски фудбалер беше на листата на интереси и на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, но според информациите, речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.

Бенфика за Феликс бара 70 милиони евра, но не се исклучува и веројатноста дека ќе го препушти и за 10 милиони помалку.

Претходна 100-годишнината на Zagato одбележана со близнаци од серијата Vintage на Aston Martin
Следна Јувентус со нов дизајн на дресот од следната сезона

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Don`t copy text!