Бродови кои мистериозно исчезнале без трага

Светските мориња и пловењето по нив отсекогаш носеле со себе опасност.
Животот на море бара повеќе од познавањето на вештините на пловење, бидејќи никогаш со сигурност не може да се каже дека ја познаваме силата и непредвидливоста на океаните. Секоја година насекаде во светот, морињата и океаните проголтуваат неколку бродови, но најчесто остатоците по извесно време се пронаоѓаат благодарение на современата опрема.
Ова се приказни за некои од исчезнатите бродови кои никогаш не биле пронајдени, исчезнале без трага.

  • Andrea Gail. Рибарски брод кој бил изграден во 1978 година на Флорида. Бил во сопственост на компанија од Масачусец. Имал екипаж од 6 лица и 13 години континуирано добивал дозвола за пловидба сè до моментот на неговото исчезнување во водите кај Њу Фаундленд. Крајбрежната стража започнала опсежна потрага, но наишле само на сигнал за помош. По една недела потрага, Andrea Gail и неговиот екипаж биле прогласени за исчезнати. Се верува дека бродот настрадал во моментот кога воздушна маса со висок притисок се судрила со воздушна маса со низок притисок, кој во тој момент се споил со остатоците од ураганот Грејс. Оваа ретка климатска ситуација е наречена “бура над сите бури”. Се формирале бранови високи 30 метри. Филмот Совршена бура со Џорџ Клуни е направен според овој вистинит настан.
  • USS Wasp. Во документите е забележано дека неколку бродови низ историјата го носеле ова име. Најпознат бил бродот кој исчезнал во 1814 година. Бил изграден година дена порано, во времето на војната со Обединетото Кралство. Бил сметан за многу моќно оружје, бил брод кој се движи со квадратно едро, имал 22 пушки и екипаж од 170 морнари. Бил на добар глас заради убавината, но и заради функционалноста. Со него управувал морнаричкиот ветеран Џонстон Блејкли, кој со него поминал 13 успешни пловидби и борби. На 22 септември 1814 година, USS Wаsp успеал да го зароби британското пловило Атланта. Во тоа време, кога WASP ќе заробел некое пловило го палел. Но, ситуацијата со Атланта не била таква, бидејќи Американците го сметале Атланта за вреден брод. Наместо да го запалат, го испратиле до пристаниште каде што требало да го преземат. USS Wasp бил последен пат бил виден од шведски трговски брод во водите на Карибите, на местото од кадешто го испратиле бродот Атланта. Потоа му се губи секаква трага. Се претпоставува дека потонал во големо невреме, но тоа никогаш не е докажано. И денес се истражува местото каде што последен пат е виден, но без некаков успех. Бродот Wasp како воопшто да не постоел.
  • Witchcraft. Ова бил брод во сопственост на хотелиерот од Мајами, Ден Бурак. Во 1967 година Бурак решил да ги гледа божиќните светла од кабината на својот брод. Со него таа вечер бил Патрик Хоган, со кого заедно испловиле една милја на море. Бродот бил во одлична пловна состојба. Околу 21 часот по радио врска Бурак побарал помош од влечна служба откако бил погоден од непознат објект. Не бил посебно вознемирен бидејќи ги знаел способностите на својот брод кој бил посебно изграден и заштитен од потонување. Ја потврдил позицијата на крајбрежната служба и им рекол дека ќе испука сигнална ракета. На крајбрежната служба им требало само 20 минути да пристигнат на локацијата што им ја кажал, но едноставно бродот го немало, исчезнал. Пребарани се 1300 километри од океанот, но двајцата патници и бродот едноставно исчезнале без никаква трага.
Претходна Град без автомобили
Следна Ламборгини го покажа Сиан, првиот и најјакиот електрифициран суперавтомобил

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!