Избегнувајте вода подлабока од 10 cm со вашиот автомобил

Повеќето автомобили денес имаат ниско монтирани доводи за воздух, кои можат да вовлечат вода во моторот.

Дождливото време резултира и со големи количества вода на коловозот. Претежно е површински слој, но понекогаш ќе наидете на подлабока водена бариера.

Возењето возило низ длабоки барички не е паметно од две причини – првата е безбедноста, а тоа е аквапланинг, каде што тркалата на автомобилот губат контакт со асфалтот и во возилото ќе се чувствувате како да сте отишле на лизгалиште со тениски чевли. Друга причина е – ваквото возење може да биде опасно за здравјето на вашето метално милениче. Избегнувајте вода подлабока од 10 сантиметри или затоа што повеќето од денешните автомобили имаат ниско поставени доводи за воздух, што во овој случај може да повлече вода во моторот, а тоа може да доведе до катастрофални последици, навлегување вода во цилиндрите, пукање на радилицата заради оптоварување.

Затоа избегнувајте подлабока вода, автомобилот не е брод или подморница и ве молиме возете повнимателно на дожд. Зголемете го растојанието помеѓу возилата пред вас од две на четири секунди, бидејќи растојанието за сопирање на автомобилот на дожд е многу поголемо.

Внимавајте на гумите, доколку се истрошени и ако длабочината на жлебовите е помала од 1,6 mm, ќе го почувствувате тоа, бидејќи ракувањето ќе се намали, а растојанието за сопирање ќе се продолжи при сопирање. Инвестирајте во нови гуми, како и во бришачи на шофершајбната. Старите бришачи нема добро да ги исчистат прозорците, а тоа ќе ја намали вашата видливост. Сменете ги.

Претходна Автомобили од Mad Max: Wild Road
Следна iPhone 14 во нови проблеми

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!