Себастијан Фетел ги продава своите фантастични суперавтомобили

Поранешниот светски шампион во Формула 1, германскиот возач Себастан Фетел, реши да продаде неколку свои суперавтомобили.

Фетел е дефинитивно голема ѕвезда, а огромната заработка во Формула 1 му овозможи да направи богата и навистина импресивна колекција на автомобили. Infitniti имаше неколку специјални верзии именувани по Фетел, а Германецот избра некои од најдобрите автомобили во светот за лична употреба. Сепак, тој сега реши да се раздели со осум автомобили кои не се ефтини, а некои се веќе продадени. Сите тие се наоѓаат во Швајцарија каде што се регистрирани и каде се платени даноци за нив.

Прв на списокот е LaFerrari, модел од 2016 година што претставува чудо од Маранело. Лакиран е во црвена боја, а внатрешноста изгледа дека е црна. Овој автомобил е веќе продаден, а има поминато само 490 км. Во огласот се наведува дека е богато опремен.

На списокот е и моделот Enzo, кој исто така е во совршена состојба, што не е ни чудо со оглед на ресурсите со кои располага популарниот „Себ“. Овој автомобил е произведен во 2004 година, но сепак минал само 1.790 км.

Нов сопственик доби и F50, кој е произведен во 1996 година и поминал 6.940 километри.

Меѓу помодерните модели е жолтото и ретко Ferrari F12 TDF за кое Фетел бара нешто повеќе од милион долари. Тој е богато опремен, а километражата е 1.200 км.

На продажба е и Ferrari 458 Speciale од 2015 година во црна боја со жолти сопирачки и сиви линии. Овој автомобил поминал нешто повеќе од 3.800 км.

Mercedes-Benz SL65 AMG Back Series е произведен во 2009 година и покажува 2.800 км.

На листата е исто така фантастичен сребрен Mercedes-Benz SLS AMG Gullwing со километража од 6.928 км.

Последен на списокот е BMW Z8 Roadster од 2002 година со возено 21.700 км.

Претходна Британски пар направи убав дом од лондонски двоспратен автобус
Следна Апликацијата Клубхаус го привлекува интересот на обожавателите на социјалните мрежи

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!