Летото кое трае половина година може да стане честа појава до 2100 година

Научниците веруваат дека летото кое трае половина година на северната хемисфера може да стане честа појава до 2100 година.

Ова се должи на големото влијание на климатските промени и дека летото веќе трае 17 дена подолго отколку во 1952 година, а зимата е пократка за три дена.

Ако глобалното затоплување продолжи со моментален интензитет, тогаш е многу веројатно дека зимата ќе трае само два месеци.

Ова ќе има далекусежни последици за целата планета Земја. Земјоделството ќе биде загрозено и однесувањето на животните ќе се промени.

Веќе сме сведоци на топли бранови, големи пожари и бури.

Комарците може да се појават во поголеми количини на северната хемисфера, што може да донесе тропски инфекции.

Сепак, ова може да се спречи ако се намали емисијата на штетни гасови. Неопходно е да се намалат емисиите на јаглерод диоксид направени од човекот за 45 проценти до 2030 година. До 2050 година нема потреба целосно да се испушта јаглерод диоксид произведен од луѓе.

120 земји и повеќе од илјада компании, вклучувајќи ги ИКЕА, Епл и Нестле, се посветија на таа цел, објави Светскиот економски форум (СЕФ).

Претходна Треба ли да останете пријатели по раскинувањето на врската?
Следна Nelly Furtado – Say It Right

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!