Треба ли да останете пријатели по раскинувањето на врската?

Можно ли е пријателство после љубовна врска?

Повеќето луѓе барем еднаш раскинале љубовна врска, ретки се тие кои веднаш ја нашле својата сродна душа. Горка вистина е дека врските не траат вечно и дека некои врски се едноставно осудени на пропаст. Потоа се прашувате – што понатаму? Треба ли да останете пријатели со лицето со кое некогаш сте имале врска или треба да прекинете секаков контакт со него?

Ако со поранешниот партнер или партнерка останете пријатели, поголеми се изгледите да поминете низ емоционални превирања и кризи и да се прашувате дали раскинувањето било добра одлука. Повеќето луѓе сакаат да останат во пријателска врска со поранешниот партнер, за да не се разделуваат со горчина и во непријателско расположение, но и затоа што не сакаат да почувствуваат отсуство на личноста која некогаш им била важна.

Што велат психолозите?

Психолозите тврдат дека дури и недоволна физичка привлечност и недоволно контактирање не можат да спречат да станете зависни еден од друг, емоционално, ментално и психолошки. Доаѓа до мешани чувства, навирање на спомени, среќа, лутина, љубомора, па постои можност истата личност повторно да ве повреди. Таквиот однос нема да ви помогне ни вам ниту на другата личност, напротив, само ќе го кочи вашиот личен напредок во животот.

Експертите за врски тврдат дека ситуацијата само ќе се влошува, затоа што пријателството ве кочи да тргнете напред и да формирате нови односи со други луѓе. Дури и ако почнете нова врска, во вашата глава секогаш ќе има конфликт и ќе чувствувате вина, особено ако тој/таа е сè уште самец.

Тргнете напред

Затоа, според психолозите, најдобро е да заборавите и да тргнете напред без да оставате траги од чувства или контакти со бившиот партнер. И покрај тоа што можеби ќе биде болно и нема да можете да го замислите животот без него/неа, мора да разберете дека вашиот однос завршил во моментот кога сте прекинале и дека сега за вас постојат две опции: повторно да се смирите или да тргнете секој по својот пат. Занемарете ги празните ветувања дека ќе останете во контакт бидејќи повеќето луѓе не остануваат, а времето ги лечи сите рани.

Претходна Brabus го тјунираше Smart EQ ForTwo
Следна Летото кое трае половина година може да стане честа појава до 2100 година

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!