Излезе новиот трејлер за филмот Боемска Рапсодија

Oткако во мај беше прикажан првиот трејлер за биографското остварување “Боемска рапсодија”, со нетрпение го очекувавме вториот трејлер кој излезе пред неколку дена. Во него, обожавателите на музиката на групата Квин и на нејзиниот легендарен фронтмен Фреди Меркјури, можат да ѕирнат малку подлабоко во приказната за подемот на извонредниот вокал со неверојатен дијапазон од четири октави.

Филмот го следи Меркјури од неговите младешки денови како Фарок Булсара, здружувањето со гитаристот Брајан Меј и формирањето на групата Квин, до хуманитарниот Live Aid концерт во 1985 година, на кој се собираа пари за намалување на гладот во Африка.
Улогата на Меркјури ја толкува повеќекратно наградуваниот актер Рами Малек, додека пак другите членови на групата Квин ги толкуваат: Гвилим Ли (гитаристот Брајан Меј), Бен Харди (тапанарот Роџер Тејлор) и Џозеф Мазело (басистот Џон Дикон).
Премиерата на филмот се очекува на 4 октомври 2018 година.

Претходна Note 9 во најава
Следна Општина Гази Баба го буди духот на акцијаштвото од СФРЈ

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!