Мајк Траут стана најплатениот спортист на светот со договор од 430 милиони долари

Бејзбол играчот на Los Angeles Angels – Мајк Траут, со продолжувањето на договорот со матичниот тим стана најплатениот спортист на светот. Неговиот дванаесетгодишен договор ќе му донесе неверојатни 430 милиони долари.

Досегашниот најплатен спортист беше бејзбол играчот Брајс Харпер, кој за договор за 12 години инкасираше 330 милиони долари.

Траут, исто така, ќе има и најголема годишна плата и тоа од 36 милиони долари.

Ако се споредат најплатените играчи во четирите спортови во Америка, на Траут никој не може да му парира. Листата на најплатени играчи во САД во четирите најгледани спортови, е следната:

  1. Најплатен бејзбол играч е Мајк Траут со 430 милиони долари.
  2. Најплатен кошаркар е Расел Вестбрук со 207 милиони долари.
  3. Најплатен фудбалер е Мет Рајан со 150 милиони долари.
  4. Најплатен хокеар е Алекс Овечкин со 124 милиони долари.
Претходна Jesko, новиот модел на Koenigsegg е распродаден за само неколку дена
Следна Хали Бери низ фотографии ја открива тајната на нејзинот младешки изглед

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Don`t copy text!