Како влијае еволуцијата на интелигенцијата во изборот на партнер

Истражување објавено во магазинот “Science” го потврдува тврдењето на Дарвин дека изборот на партнер за размножување придонесува за еволуција на интелигенцијата.
Истражувањето е спроведено од научници од Кинеската академија на науки и холандскиот Универзитет во Леиден. Научниците искористиле 34 папагали познати како тигрици за да испитаат дали интелигенцијата може да ги надвладее гласот и изгледот.
На женките им овозможиле да бираат помеѓу два слични мажјака и според количината на интеракцијата мереле кој мажјак им е помил. Постари истражувања велат дека женката секогаш го бирала примерокот со пее поубаво, има поубав изглед и поживописни бои.
Научниците во новото истражување решиле примерокот што имал поедноставен изглед да го издресираат да може да отвора кутивче со храна. Додека вториот примерок со поубави и поживописни пердуви не добил таква дресура.
Потоа на женката ѝ било овозможено од својот кафез да ги следи и двата мажјака како пробуваат да ја отворат кутијата со храна.
Примерокот што се претпоставувало дека нема да биде избран затоа што немал убав глас и не бил со живописен изглед, не умеел да ја отвори кутијата, додека другиот мажјак успеал во тоа.
По завршување на експериментот е утврдено дека осум од девет женки поминувале време со мажјакот кој покажал поголема интелигенција, наместо, како што се претпоставувало, со примерокот со поживописен изглед.
Со други зборови, се докажало дека интелигенцијата помогнала во изборот на партнер и со тоа во подобрување на гените на следните генерации.
Сепак, ова истражување треба да се земе со резерва, поради тоа што е спроведено на само на еден вид животни. Светот на животните е голем и треба подетално да се испита ова тврдење и на останатите видови.

Претходна Како да го исчистите телото од никотин
Следна Град без автомобили

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!