Дел од навивачите на Барселона синоќа го исвиркаа фудбалерот на овој клуб Френки де Јонг за време на претставувањето на играчите за новата сезона, поради што тој беше многу разочаран, а шпанските медиуми пишуваат дека оваа приказна може да се продолжи и дека шпанскиот клуб би можел дури и да го тужи својот играч на крајот.
Фудбалерите на Барселона синоќа на стадионот „Камп Ноу“ во пријателски натпревар го победија мексиканскиот тим U.N.A.M. со резултат 6:0, а пред натпреварот на навивачите на клубот им беа претставени играчи кои ќе настапуваат за овој клуб во следната сезона.
Новите играчи, секако, добија големи овации, како и сите други фудбалери воопшто, но тоа не беше случај со играчот од средниот ред и една од најголемите ѕвезди Френки Де Јонг, кој беше исвиркан од некои навивачи затоа што одбил нов договор, според кој би требало да има помала плата.
Откако Де Јонг им се придружи на своите играчи на теренот, тој беше видно незадоволен од свирежите на навивачите, а новинарите забележаа момент кој можеби најдобро покажува колку му било тешко ваквото однесување на некои симпатизери на Барселона.
Во последните месеци многу се зборуваше за заминувањето на Де Јонг од Барселона, но овој играч од Холандија во неколку наврати изјави дека сака да остане во шпанскиот клуб, а во врска со тоа ја одби понудата на Манчестер Јунајтед, кој имаше целосен договор со Барселона во текот на јуни и јули.
Сигурниот The Athletic денеска носи продолжение на приказната и „преговорите“ меѓу Барселона и Де Јонг, а велат дека клубот е подготвен дури и да го тужи нивниот играч за претходниот договор што незаконски го потпишал со поранешната управа. Сметаат дека се е направено надвор од правилата и дека тоа можат да го докажат на суд, а се работи за неговата плата која од сезона во сезона се зголемува и може сериозно да го загрози бизнисот.
Барселона има неполни седум дена да го реши проблемот со финансиите и да ги регистрира сите нови засилувања, а ќе биде интересно да се види како ќе го решат проблемот што го имаат со Де Јонг. Има две опции, Холанѓанецот да потпише нов договор и да прифати намалување на платата или да прифати една од понудите и да ја промени средината.