Селекторот на Српската кошаркарска репрезентација Светислав Пешиќ го пречкрта Милош Теодосиќ

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Светислав Пешиќ го пречкрта капитенот Милош Теодосиќ за претстојните натпревари, а и за Евробаскетот кој ќе се одржи во септември годинава.

Според медиумите во Србија, ова е првпат по 15 години капитенот и лидер на А селекцијата да биде пречкртан од списокот на репрезентацијата, а претходно поради повреди не играше на Евробаскетот во 2013 и 2017 година, како и на Мундобаскетот во Кина во 2019 година.

Овој кошаркар за тренерот Пешиќ одигра два натпревари во квалификациите за СП, по што повеќе не настапуваше за репрезентацијата, а Пешиќ наводно не сака тој да биде негов предводник во иднина и сака да ги промени работите на овој план. .

Изненадувачката и чудна одлука на трофејниот стручњак да му се заблагодари на најискусниот играч на српската репрезентација веќе во оваа фаза од подготовките.
Србија на 1 август ги започна подготовките за квалификациските натпревари и Евробаскетот, а првиот контролен натпревар против Црна Гора во Белград е закажан за 13 август. Четири дена потоа во Љубљана ќе играат против Словенија.

Претходна Хаос во Барселона поради Де Јонг
Следна Ќе заработиме 100 милиони евра, можеме да стигнеме до полуфинале во Европската лига

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!