Конкорд има наследник

Легендарниот суперсоничен патнички авион Конкорд конечно ќе добие наследник. Boom Supersonic тврди дека Overture ќе лета двојно побрзо од денешните патнички авиони и ќе може да лета од Њујорк до Лондон за само десет и пол часа, односно ќе достигне брзина од 2040 km/h. Компанијата со седиште во Колорадо вели дека Overture ќе превезува меѓу 65 и 80 патници. Авионот исто така ќе работи на 100 проценти одржливо воздухопловно гориво (SAF) и компанијата очекува да влезе во производство на прототип до 2024 година.

the much-anticipated supersonic Overture aircraft from Boom Supersonic. Rendering are available to download on the Boom press site. Credit: Boom Supersonic

Во споредба со претходните концепти, бројот на патници е намален, а од компанијата известуваат дека тоа се должи на намалената потрошувачка на гориво и бучавата. Overture ќе има потивок суперсоничен потисок од Конкорд, што значи дека ќе има помалку ограничувања при летање над населени области. Но, треба да се спомене дека авионот над копното ќе мора да лета со брзина помала од еден мах. Компанијата вели дека авионот нема последователен горилник и ќе го има првиот автоматски систем за намалување на бучавата во светот. Тоа значи дека со своите четири мотори не треба да биде погласен од конвенционалните авиони за време на полетувањето.

Минатата година, Јунајтед ерлајнс објави дека инвестира 3 милијарди долари во нарачката на авиони Overture. Boom Supersonic очекува да започне со тестирање околу 2026 година и се надева дека ќе биде оперативен до 2029 година.

Претходна Само една лажица од овој сок го регулира шеќерот, помага при гихт и артритис и ја стимулира циркулацијата
Следна Колку гориво и други производи се добиваат од барел нафта?

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!