Топ 3 групи на производи за топење на масни наслаги

За почеток да напоменеме дека не постои магично апче кое ги топи масните наслаги туку така.

Кога нема доволно јаглени хидрати за да ги задоволи своите дневни енергетски потреби, организмот преоѓа на користење на мастите како извор на енергија. Тогаш почнува да ги користи резервите (поткожното масно ткиво) кое се создавало токму за таа намена. Кај повеќето луѓе што имаат вишок на килограми телото не е ефикасно во добивање на енергија од мастите, бидејки тој процес најверојатно никогаш во животот немало потреба да се активира. Тука ускокнуваат таканаречените “fat burners”. Тие се само помош на веќе активиран процес на користење на мастите како енергија при правилна исхрана и физичка активност, и притоа само помагаат процесот да се одвива побрзо и полесно. Но, ако сте мислеле дека само ќе испиете неколку апченца, или неколку чајчиња за слабеење без да го смените стилот на живот, сте се излажале.

Чекор 1

Доведете го телото во калориски дефицит по пат на правилна исхрана и физичка активност. Внимавајте на односот на микронутриентите, но ако не сте сигурни како, тогаш консултирајте стручно лице.

Чекор 2

За подобар, побрз и полесен резултат, одберете некоја од трите групи на производи за топење на мастите.

Чекор 3

Не губете волја и мотивација. Кога знаете што правите, губењето на килограми не е тешко. Само знајте дека е потребна волја, упорност и време, но и промена на стилот на живеење.

ТРИ ГРУПИ НА ПРОИЗВОДИ ЗА ТОПЕЊЕ НА МАСТИ

  1. Комплексни “fat burners” (екстракт од зелен чај, екстракт од горчлив портокал, безводен кофеин, капсаицин)
  2. Едноставни “fat burners” (Л-карнитин, ЦЛА)
  3. Природни билни напитоци
Претходна Најновите одела на НАСА за престој во вселената
Следна Живеете заедно, а спиете во одвоени кревети

Награден напис

Стар рецепт за чистење на цревата

Дигестивниот систем е една од најчестите „болки“ на современиот човек. За да може дебелото црево …

Чаша полна здравје

Дали знаете каква е всушност улогата на магнезиумот во нашите животи? Тој е важен за …

Don`t copy text!