Фолксваген Тајрон пристигнува во Европа

Понудата на Фолксваген за кинескиот пазар е богата и во некои случаи е ексклузивна затоа што многу модели не се достапни надвор од оваа земја, сепак некој од тие модели наскоро би можел да пристигне во Европа.

Станува збор за теренец наречен Тајрон кој се базира на платформата MQB. Објавено е во март 2018 година со концептот SUV Advance Mid-Size и стана модел ексклузивен за Кина.

Сепак, според интерните документи на Фолксваген, добиени од магазинот Automotive News Europe, големиот џип со седум седишта ќе стигне и до европскиот пазар. Ќе се произведува во фабриката во Волфсбург, Германија, и токму овој модел може да го замени Tiguan Allspace.

Европскиот Тајрон не би било големо изненадување затоа што за него се зборува уште од појавата на концептот. Производството наводно ќе започне во 2024 година, па најверојатно ќе биде модел базиран на следната генерација на Тајрон.

Фолксваген ја донесе оваа одлука да има SUV во Европа позициониран помеѓу Tiguan и Touareg, наместо да увезува продолжен Tiguan од Мексико.

Секако, VW ќе го прилагоди Tayron на европските вкусови. Слично е и со кинескиот модел Тару, што е нешто поразлично од американскиот Таос.

Претходна Италијанската полиција експресно достави бубрег со Ламборџини, Хуракан помина 489 км за два часа
Следна Autobest ја додели Safetybest 2020 наградата на Toyota

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!