Mistral е последниот Bugatti кој троши само бензин

Ерата на моќниот бензинец W16 полека, но сигурно завршува, а новопретставениот Mistral е последниот Bugatti кој го има овој квад-турбо мотор од 8,0 литри. Роудстерот базиран на Chiron го добил името по ветрот што дува од долината на Рона.

Влијанието на 1930-тите може да се види во заобленото ветробранско стакло, како и во двојните отвори за воздух поставени на покривот за ладење на моторот. Додека стилот потсетува на класичните модели, Mistral е исто така комбинација на моделите Divo и La Voiture Noire, но во роудстер верзијата со мотивот „X“ на задните светла, кој потсетува на моделот Bolide. Конфигурацијата на задните светла му овозможи на Bugatti да вгради отвори помеѓу X елементите за ладење.

За прв пат во W16 Bugatti, ткаена кожа е искористена на панелите на вратите, додека едноделното алуминиумската рачка на менувачот има дрвени влошки и килибарски детал што прикажува слон кој танцува. Секако, главниот детал на кабината е отстранувањето на покривот за да се чуе W16 моторот и неговите четири турбополначи.

Во срцето на Mistral е истиот мотор со 1.577 коњски сили што го има и Chiron Super Sport 300+, кој достигна 490.484 km/h во 2019 година. Зборувајќи за неверојатна брзина, Bugatti вели дека за Mistral имало само една цел, а тоа е да биде најбрзиот родстер на светот. Значи, тоа е продолжение на традицијата на Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse и неговите 408,84 km/h во 2013 година.

Многу е веројатно дека Mistral ќе оди побрзо од Veyron GSV со оглед на предноста од речиси 400 дополнителни коњски сили. Останува да се види дали ќе се одржи вистинска трка со најголема брзина бидејќи Bugatti неодамна соопшти дека повеќе не е заинтересиран за соборување на рекордот.

Bugatti ќе произведе само 99 примероци на Mistral и планира да започне со испораки во 2024 година. Додека моделот „Bolide“ беше достапен за 4 милиони евра по парче, Mistral имаше цена од 5 милиони евра, што очигледно не им пречеше на купувачите бидејќи секој примерок од Мистрал веќе е продаден.

Претходна Кјото – царскиот град на Јапонија
Следна Што се случува со телото кога кафето ќе го замените со чај

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!