Спасете ја врската со „секс на одржување“

Ако сте во брак или во долга врска, веројатно барем еднаш сте се соочиле со некаков сексуален проблем.

На почетокот сексот бил вистинско уживање, а чинијата никогаш не била празна. Меѓутоа, со текот на времето активностите под чаршафите го губат интензитетот, секојдневните обврски почнуваат да влијаат на вашето расположение, а со тоа и на квалитетот и зачестеноста на сексот.

Ова се ситуации кои ве тераат да се запрашате дали на вашата врска ѝ дојде крајот, бидејќи интимноста е составен дел од романтичните врски.

Сламката на спасот во долгите врски

Како повторно да се разгорат страстите, да се спаси врската и да се ценат интимните моменти барем приближно колку што сте ги ценеле на почетокот? Сексуалните терапевти нудат ново решение што се нарекува „секс на одржување“.
Дефиницијата е многу едноставна. „Одржување на сексот“ сугерира вклучување во сексуални активности за да го задоволите вашиот партнер, дури и ако не сте расположени за тоа или не се чувствувате привлечно во моментот.

Доколку мислите дека имате квалитетен и цврст однос со партнерот, а сексот е единствениот проблем, треба да поработите на тоа. Работењето на одреден проблем бара одредена жртва, па во ред е да го ставите партнерот во преден план и да ги задоволите неговите сексуални потреби, без разлика што не сакате, смета сексуалниот терапевт Меган Векс.

Има момент во врската кога сфаќате дека сте ја поминале фазата на заљубување и откривање, а животните стресови и обврски стануваат приоритети. Во основа, сè што „мораме да направиме“ ни ја троши енергијата и нè доведува во ситуација да не ни помислуваме на секс. Општо е познато дека нашиот сексуален нагон опаѓа кога имаме секс поретко, а се зголемува кога имаме почесто. Заситеноста, стареењето и медицинските проблеми исто така можат да го намалат нашето либидо, објаснува психологот Брајан Џори.

Најтешкиот дел е да започнете

Истражувањата покажуваат дека најголем проблем за долгогодишните партнери е иницирањето сексуални активности, а кога сепак ќе одлучат да имаат секс, тие се презадоволни и се прашуваат зошто не го прават почесто тоа.

Некои експерти сметаат дека ова е единствениот начин да се задржи искрата да тлее во долгите врски, а истражувањата покажуваат дека иницијативата поттикнува поинтензивни оргазми, па многу е веројатно оваа „мала жртва“ да го задоволи вашиот партнер (а и вас) на некој нов и возбудлив начин.

На паровите им е потребна вербална и психолошка интимност пред да се вклучат во сексуални активности, а сексот за одржување го вклучува токму тоа. Тој може да биде здрав затоа што ве тера да зборувате за вашите желби и потреби. Одржувањето на сексот не е само секс, туку негување поврзаност и емоционална интимност.

Сексуална емпатија или принуда?

Од друга страна, некои веруваат дека одржувањето на сексот е погрешно бидејќи вклучува принуда. Некои партнери со кои разговарав едноставно не можат да ја практикуваат оваа техника, бидејќи кај другата страна не го зголемува либидото, вели д-р Џори.

Доколку се најдете во ситуација да не се чувствувате удобно, разговарајте со партнерот. Сексот по дефиниција мора да вклучува две лица кои си веруваат едно на друго, но го запоставиле својот сексуален живот поради нивниот начин на живот.

Клиничкиот психолог Бритни Блер ја открива тајната на добриот секс со долгогодишниот партнер.

За да имате подобар секс со саканата личност, прво мора да научите како да имате подобар секс со себе. Истражувајте различни видови играчки за соло забава.

Само кога ќе го запознаете вашето тело, ќе можете да му кажете на вашиот партнер како се чувствувате и како функционирате. Запомнете дека луѓето се менуваат надвор и внатре и дека во 30-тите или 40-тите можеби немате исти сексуални преференции како во вашите 20-ти (или порано), кога се запознавте.

Претходна Дознајте зошто комарците некого касаат, а некого заобиколуваат
Следна Калвин Филипс пристигнува во Манчестер Сити за 42 милиони фунти

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!