Заштита од комарците во летниот период на едноставен и природен начин

Постојат неколку сигурни природни начини да ги држите комарците и крлежите подалеку од вашиот дом, градина и што е најважно – подалеку од вашата кожа. Дали знаевте дека лукот ги брка комарците? Лукот го прикрива мирисот на јаглерод диоксид кога издишувате, а освен тоа и мирисите што испаруваат преку вашата кожа поради лукот се помалку привлечни за комарците.

Ако сте страстен љубител на банани, можеби треба да размислите да престанете да ги јадете во текот на летото. Кога вашето тело ќе ја метаболизира бананата мирисот излегува преку кожата, а комарците сакаат банана. Во борба против оваа напаст клучен е и изборот на облека. Лесните материјали со светла боја, со исклучок на жолтата, се добар избор.

Комарците често знаат да нападнат и ако ви фали витамин Б. Внесувањето на поголема доза на оваа група витамини ќе предизвика зголемено потење, а комарците не го сакаат мирисот на витаминот Б. Јадете храна богата со витамин Б1, како што е говедско месо, портокали, свинско месо, јајца, семки или едноставно внесете витамин Б1 преку таблети.

Ванилата е природно средство за борба против комарците. Додајте две лажички ванила во една шољичка со вода, промешајте, ставете го во шише со прскалка и испрскајте ја просторијата. Ванилата ќе го закамуфлира телесниот мирис и ќе ги држи комарците подалеку од вас. Комарците ги привлекуваат лосиони, лакови за коса, парфеми и ако веќе мора да ги користите – тогаш нека бидат со мирис на лаванда, рузмарин или еукалиптус.

Тестирајте ги овие природни трикови.

Претходна Супербура од шеста категорија. Можна ли е?
Следна Уметноста на Manhart BMW Z4 – комбинација на елеганција и агресивност

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!