ABT го набилда Golf R до “скромни” 350 коњски сили

Најверојатно во раководството на германската тјунинг компанија ABT не се сложуваат и придржуваат до актуелните WLTP норми, според кои Фолксваген мораше да го пригуши моторот на нивната најјака верзија на Golf.

ABT во својата понуда го нудат најјакиот Golf, не со 300, туку со 350 коњски сили. За да го постигнат зголемувањето на силата и вртежниот момент, се позанимаваа со рекалибрирање на централната управувачка единица. Со новиот потенцијал на моторот во понудата е и адекватно доработено бесење кое со себе носи поцврсти стабилизатори, пониски федери и унапредени амортизери.

Понудата на алуминиумски бандажи се движи од 18-20 инчи, а искусните љубители на спортските голфови ќе забележат дека верзијата на АBТ се разликува од фабричката верзија на Golf R по црните четириделни завршетоци на издувниот систем.

Перформансите на најјакиот Golf што е доработен во ABT  сè уште не се познати.

Претходна Арсенал останува без Дени Велбек на крајот од сезоната
Следна Русија ќе се oдвои од светскиот интернет

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!