Кинезите измислија SMART училишни униформи

Кинезите продолжуваат со имплементација на уреди со кои ќе можат да ги следат луѓето, а во случајов ќе можат да ги следат учениците.
Со овие школски униформи ќе може да се следи присутноста на часови, како и активноста на учениците.
Според критичарите и дел од родителите, имплементацијата на овие униформи малку е застрашувачка. За разлика од нив, наставниците велат дека со помош на овие униформи следењето на движењето на учениците во многу ситуации може да е од голема корист, не само кога учениците бегаат од часови туку и во ситуации опасни за децата.
Секој униформа има вградено два чипа на рамениците што се користат за следење на влегувањето и излегувањето на учениците од и во училиштето, кои со дополнителен софтвер за препознавање на лица може да утврдува дали вистинскиот ученик ја носи униформата.
Униформите без никаква опасност можат да се перат.
Зад оваа технолошка новина се крие компанијата Guizhou Guanyju со примарна дејност за креирање на smart униформи.
Со вградување на одредени додатоци, униформите можат да забележат ако учениците спијат на часовите.
Кинезите ги имплементирале smart униформите во девет училишта и според првите показатели, веќе се покажале резултати во борба против бегањето од часови и дале информации за тоа што прават учениците на часовите.

Претходна FIA ќе направи промени во Формула 1
Следна Tesla модел 3 од почеток до крај

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!