Арсенал останува без Дени Велбек на крајот од сезоната

Напаѓачот на Арсенал Дени Велбек, ќе го напушти Арсенал на крајот од сезоната кога му истекува договорот.

Велбек поминува низ многу лош период во својата кариера. Оваа сезона прокнижи само 14 настапи во дресот на топџиите, а имаше и многу незгодни повреди.

Во Арсенал пристигна во 2014 година од Манчестер Јунајтед, кога вредеше 16 милиони фунти, собра 126 настапи и постигна 32 погодоци. Со Арсенал освои 2 трофеја FA Cup во 2017 година и FA Community Shield. Последен пат се запиша како стрелец на мечот против Спортинг на натпреварот на Европската лига во октомври минатата година. Исто така, 42 пати го носеше дресот на англиската репрезентација и постигна 12 гола.

Освен Дени Велбек, Арсенал ќе го напуштат и Арон Ремзи, и Петр Чех на кој му завршува кариерата.

Претходна Фасцинантна фотографија на спирална галаксија направена од телескопот Хабл
Следна ABT го набилда Golf R до “скромни” 350 коњски сили

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Don`t copy text!