Русија ќе се oдвои од светскиот интернет

Претседателот на Русија Владимир Путин, минатата недела потпиша закон со кој од први ноември оваа година треба да стартува “домашен интернет”.

Серверите мора да се поставени на руско тло, а руските интернет компании мора својот сообраќај низ мрежата да го конципираат така да се контролира од едно место во земјата.

Русија, Кина, Иран и Виетнам, се некои од земјите во кои интернетот е делумно или комплетно контролиран и ограничен.

Според експертот за заштита на податоци Јорис ван Хобокен, владите на државите низ светот сè повеќе се обидуваат да стекнат контрола над сè што се случува низ интернет светот.

Интернет корисниците не ни знаат информацијата што ја добиле на кој дел од планетата била поставена. Како што е вообичаено, Русија, како и останатите држави, овие чекори ги оправдуваат со потенцијалните опасности.

Претходна ABT го набилда Golf R до “скромни” 350 коњски сили
Следна По кој редослед старее човечкиот организам

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!