Серијата „House of the Dragon“ е огромен хит на HBO, првата сезона заврши, а фановите сега со нетрпение ја чекаат втората. Популарноста на серијата одлучи да ја искористи компанијата Oppo.
Oppo претстави специјална верзија на својот паметен телефон Oppo Reno 8 Pro и го продава во пакет наречен House of the Dragon Limited Edition Set украсен со симболи на House Targaryen. Пакетот вклучува и специјална маска дизајнирана да личи на кожата на змејот Balerion the Black Dread. Исто така, има златен печат, триглав змеј кој го претставува семејството Таргариен.
Дел од пакетот е златен и црн држач за мобилен телефон во форма на змеј, а дури и иглата за вадење на SIM картичката е во форма на мал златен змеј.
Во Oppo навистина се трудеа и внимаваа на секој детал, а клиентите ќе добијат и привезок во форма на змеј со три глави.
Тие ќе добијат и колекционерски предмети, јајце од змеј и рачно напишана изјава од кралот Висерис I Таргариен.
Овој навистина интересен сет ќе биде достапен од 24 октомври, а цената се уште не е позната.