Играта што ја играат дневно 30 милиони луѓе, Microsoft Solitaire прослави 30 години

Легендарната игра Мајкрософт Solitaire слави 30 години постоење.

Иако се појави пред три децении, Solitaire сè уште е популарнa и ja играат 35 милиони играчи дневно низ целиот свет.

Microsoft Solitaire за прв пат се појави во Windows 3.0 уште во 1990 година и беше дизајнирана да ги научи корисниците како да користат глушец. Снимање на виртуелни мапи и нивно придвижување ги научи корисниците за основите на „влечење и спуштање“ во Виндоус, а ние сè уште ги користиме и денес.

Microsoft Solitaire првично беше наречена Windows Solitaire, и стана една од најпопуларните игри во светот. Доаѓа со секоја верзија на Виндоус повеќе од две децении. Тоа значи дека е дел од повеќе од милијарда компјутери.

Беше програмирана од практикантот во Мајкрософт, Вес Чери, а Сузан Каре беше одговорна за дизајнот.

Пасијансот активно го играат милиони луѓе ширум светот, а истиот влезе во Салата на славните на видео-игрите минатата година. Достапна е во 65 јазици, пишува The Verge.

Треба да се напомене дека Solitaire престана да биде дел од Виндоус кога Windows 8 се појави во 2012 година, но беше обновена три години подоцна со доаѓањето на Windows 10.

Играта сега е достапна на сите главни оперативни системи, Windows, iOS, Android, па дури и на веб.

Претходна Овој минијатурен Rolls-Royce Cullinan е поскап од голем број на вистински автомобили
Следна Galaxy Note 20 на Samsung ќе има голем екран и некои карактеристики на S20 Ultra

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!