Jaguar F-type Rally Concept

Дизајнерите на Jaguar го претставија F-type Rally Concept, кабриолет за рели. Се работи за специфична преработка на моделот F-type во кабриолет изведба и е направен по најновите FIA стандарди.
На прв поглед се забележува дека се работи за нешто поразличен роудстер, со додадените 4 специјални светла поставени на капакот од моторот, а имаат функција за ноќно возење на рели трките.

Освен тој додаток, направена е промена и на бесењето, дополнително е зајакната долната страна на автомобилот, а е додатно зголемено растојанието од земјата. Подобрени се тркалата, амортизерите, како и поставен специјален заштитен кафез за возачот и совозачот.

Го движи дволитарски мотор со 300 ks и силата се пренесува преку менувач со 8 степени на пренос на задните тркала.
Во внатрешноста се вградени стандардните делови за секое рели возило: специјални појаси во 6 точки, специјална рачна кочница и противпожарен апарат.
Со овој концепт на кабриолет рели возило нема да се натпреваруваат на рели трките низ светот, туку само му оддаваат почит на Jaguar XK 120, со кое рели тркачот Ian Appleyard во педесеттите години ги освои најпознатите рели трки RAC и Tulip.

Претходна Voyager – чевли што се загреваат преку мобилен
Следна Ќе се редефинира дефиницијата за мерката за маса – килограм

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!