Морничаво откритие на научниците, еве што се наоѓа на дождот што паѓа речиси насекаде во светот

Шведските научници дојдоа до неверојатно откритие. Имено, во едно од најновите студии утврдиле дека дождовницата во речиси секој дел од светот содржи опасна количина на трајни хемикалии.

Овие се per/polyfluoroalkyl супстанции (PFAS) и припаѓаат на голема група вештачки хемикалии кои се наоѓаат во природата. Тие се нарекуваат трајни материи затоа што не можат да се разградат во природата, а ги користиме во разни работи, како храна, козметика, садови, електронски уреди…

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Научниците од Универзитетот во Стокхолм ги набљудувале овие супстанции во дождовната вода во речиси секој дел од светот. Исклучок не е ни речиси ненаселениот Антарктик. Овие супстанции се многу опасни, негативно влијаат на квалитетот на водата, а меѓу нив се и перфлуорооктаноните киселини (PFOA), за кои се вели дека предизвикуваат рак.

Луѓето сè уште пијат дождовница

Иан Казинс, кој го водел истражувањето, открил дека дождовницата насекаде во светот не е безбедна за пиење според стандардите на Соединетите Американски Држави, кои ја одредуваат нејзината максимална количина на штетни материи.

Тој исто така спомна дека луѓето во поголемиот дел од развиениот свет не пијат дождовница, но дека тоа се уште го прават во многу неразвиени делови на светот или во пооддалечените делови на светот каде што очекуваат дождовницата да биде чиста, но таа не е.

Анализата утврдила дека супстанците се опасни по здравјето, влијаат на плодноста, можат да го зголемат ризикот од рак и да предизвикаат потешкотии во развојот на децата.

Претходна Дали големината навистина е важна? Се огласија и жените, но и мажите
Следна Секс поза која гарантирано ќе ја доведе жената до кулминација

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!