Листа на најмоќни мобилни телефони според AnTuTu

Секој месец бенчмарк тестот AnTuTu, точно во минута ја објавува топ 10 листата на мобилни телефони со најдобри перформанси.

Во изминатиот месец-два на пазарот се појавија неколку врвни модели од производителите на мобилни телефони, па заради тоа се сменија позициите на листата во однос на претходните месеци.

Листата за овој месец е следната:

На врвот првото и второто место го заменија моделите од Xiaomi, Mi9 и Mi9 Explorer.

На третото место се наоѓа Vivo IQOO Monster, модел дизајниран за гејмери.

Го следат двата врвни модели од Самсунг S10+ и S10, а по нив на шестата позиција е Vivo IQOO.

Седмата позиција ја има Lenovo Z5 Pro GT.

Осмото место го има уште еден модел наменет за гејмери, моделот ZTE Nubia Red Magic Mars.

Деветтата и десеттата позиција ја имаат два модела на Huawei и тоа Honor V20 и Mate 20X.

Претходна V12 моторот на BMW ќе живее до 2023 година
Следна Владе Дивац се придружи на елитата во Куќата на славните на НБА

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!