Дали големината навистина е важна? Се огласија и жените, но и мажите

И покрај популарното верување, мажите со големи пениси не се сон на секоја жена, вели австралискиот секс експерт Надја Бокоди.

Таа спореди големиот машки пенис со женските високи потпетици – колку е поголема потпетицата, толку потешко е да се оди во нив. Вели дека е свесна дека опседнатоста со големината постои одсекогаш, но смета и дека е неоснована.

Ниту ликот од популарниот ситком од деведесетите, Џорџ Констанс од серијата Сајнфелд, не можеше да го избегне притисокот и ја измери големината на својот генитален орган“, пишува Бокодиева. Тогаш партнерката на вториот лик Герија се смее кога ќе види дека пенисот на Џорџ е мал, пренесува порталот Индекс.

„Шегата е јасна – предрасудите се дека малите гениталии припаѓаат на патетични, несекси мажи и како такви заслужуваат да бидат исмејувани“, вели таа.

Сепак, разликите не се толку големи како што изгледаат на прв поглед. Опсежната мега-анализа која обедини податоци од 17 студии и опфати над 15.000 мажи, покажа дека просечниот пенис во ерекција е долг околу 13 см, а отстапувањата од тоа варираат за само неколку сантиметри кај приближно 80% од мажите.

Од друга страна, дури 75% од анкетираните жени сметаат дека големината не е важна, бидејќи не можат да постигнат оргазам само од пенетрација.

Претходна Маск го предизвика извршниот директор на Твитер на јавна дебата за ботовите
Следна Морничаво откритие на научниците, еве што се наоѓа на дождот што паѓа речиси насекаде во светот

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!