Xiaomi претстави два нови уреди за светскиот пазар, а тоа се Poco F4 и Poco X4 GT.
Poco F4 е претежно ребрендиран Redmi K40S, придвижуван од процесор Snapdragon 870, има OLED екран, главна камера со оптичка стабилизација и поддржува брзо жичано полнење. Неговата цена е 399 евра.
Што се однесува до Poco X4 GT, тој чини 379 евра, а има процесор MediaTek Dimensity 81000, LCD екран од 6,6 инчи со стапка на освежување од 144 Hz, батерија со голем капацитет и поддржува брзо жичано полнење.
Процесорот Snapdragon 870 во моделот F4 е преземен од моделот Poco F3 и поддржува 5G мрежа. Доби 6,67-инчен OLED екран со резолуција од 1.080 p и стапка на освежување од 120 Hz, а назад има главна камера од 64 MP со оптичка стабилизација, што не е вообичаено за уредите од средната класа. Заедно со оваа камера, има и ултра широка 8 MP и макро камера од 2 MP. Смартфонот се напојува од батерија од 4.500 mAh која поддржува брзо полнење од 67 W, додека полначот доаѓа во пакет. Во комбинација со 6 GB RAM, Poco F4 делува и се однесува како многу поскап телефон, но се оддава со сјајна пластична задна плоча, како и страничен сензор за отпечатоци. Овој уред ја користи кожата Miui 13 на Xiaomi преку Android 12.
Poco X4 GT е повеќе фокусиран на игри, има 8 GB RAM и LCD екран од 144 Hz кој не е толку „богат“ како OLED, но има повисока стапка на освежување и побрза стапка на земање примероци на допир. Се напојува од поголема батерија од 5.080 mAh која поддржува брзо полнење од 67 W, а полначот доаѓа во пакет. X4 GT користи главна камера од 64 MP, но без оптичка стабилизација на сликата.
Телефонот веќе ја има инсталирано играта Genshin Impact која функционира совршено. Сепак, по неколку минути, уредот се загрева, но не премногу бидејќи технологијата за ладење на Xiaomi прави добра работа.
Новите модели на Poco ќе бидат пуштени во продажба во Азија, Европа и Велика Британија од 27-ми јуни.