Со мали измени во исхраната до поздрав дигестивен систем

Неколку видови на бактерии играат клучна улога во одржувањето на цревната микрофлора. Од јадење житарки со цело зрно до доење, постојат повеќе начини за да се одржи здравјето на цревата на високо ниво.

Бактериите во цревата имаат значајна функција за организмот на човекот. Цревната микрофлора има најголем број на бактерии во споредба со другите делови на човечкото тело. Се формира уште од раѓањето и има пофеќе функции. Поважните се: го зајакнува и одржува имунитетот, создава витамини (некои витамини од групата на Б комплексот и витамин К), ја разградува храната која не може да ја свари желудникот, ја подобрува перисталтиката на цревата. Цревната миклофлора тежи околу 2 кг и содржи над 1000 различни бактериски видови.

Што е тоа што го унапредува здравјето на дигестивниот систем и ги храни добрите бактерии во цревата за да можат да си ја извршуваат својата функција?

  • Исхрана богата со пребиотици

Научниците идентификувале неколку видови – меѓу десетиците трилиони бактерии (десет пати повеќе отколку што има клетки во човечкото тело) – кои имаат клучна улога за дигестивното здравје и го одржуваат имуниот систем. Пребиотиците се храна за пробиотиците т.е. добрите бактерии во цревата. Особено се значајни за луѓето со прекумерна тежина бидејќи ги намалуваат нивоата на инсулин и холестерол и го намалуваат ризикот за срцеви болести и дијабетес. Пребиотиците можат да се купат како суплементи, но подобро е да ги внесеме преку исхраната. Намирници богати со пребиотици се празот, бананите, лукот и аспарагусот.

  • Храна која содржи цели зрна на житарки и растителни влакна

Западниот начин на исхрана е богат со масти и шеќери, но со правилна исхрана можеме да го зголемиме внесот на растителни влакна кои го ограничуваат развојот на штетните бактерии и го стимулираат развојот на добрите бактерии (бифидобактериите, лактобацилите и др.). Намирници богат со диететски влакна се артичоките, јаболкото, боровницата, леќата, наутот, гравот, грашакот и други.

  • Зголемен внес на ферментирани производи

Ферментираната храна како кефирот, комбухата, природниот јогурт и ферментираното соино млеко го поттикнуваат создавањето на здравата бактериска флора во цревата и го намалуваат нивото на ентеробактериите – вид на бактерии кои се поврзани со многу хронични болести. Пронајдено е и дека природниот јогурт збогатен со бифидобактерии ја намалува нетолеранцијата на лактоза кај децата и кај возрасните, додека пак јогуртот збогатен со лактобацили има поволно дејство кај пациенти со болеста на воспаление на цревата.

  • Намирници богати со полифенолни соединенија

Полифенолите (како флавонодите на пр.) се растителни соединенија со кои се хранат цревните бактерии и се поврзуваат со намалување на крвниот притисок, холестеролот и оксидативниот стрес. Ги има во следниве намирници: бадеми, боровници, брокула, зелка, кромид, целер, марула, домати, мед, прополис, цитрусно и зрнесто овошје, какао, зелен чај и црвено вино. Какаото содржи полифеноли кои се поврзуваат со промени во микрофлората кои ги намалуваат воспаленијата и нивото на триглицериди.

  • Избегнување на вештачки засладувачи

Вештачките засладувачи, како што е на пр. аспартамот, вообичаено се наоѓаат во храната како замена за шеќерот. Меѓутоа, студии докажале дека аспартамот го менува составот на микрофрлората во цревата и кај човекот и кај животните. Овие промени резултираат со промени во нивото на шеќер во крвта и зголемена подложност на метаболички болести.

  • Доење

Цревната микрофлора континуирано се развива од раѓањето па сè до третата година од животот. Голем број на истражувања покажале дека доените бебиња имаат многу поздрав дигестивен систем и побогата микрофлора отколку бебињата кои се хранети со адаптирано млеко. Научниците сметаат и дека доените бебиња се помалку склони кон алергии, дебелина, леукемија и дијабетес, болести и состојби кои се смета дека се поврзани со микрофлората.

  • Вегетаријанска исхрана

Повеќе студии индицираат дека вегетаријанската исхрана е добра за цревната микрофлора, нагласувајќи го податокот дека храната базирана претежно на растенија го намалува нивото на бактериите ешерихија коли и ентеробактерии. Ова може да биде особено корисно за дебелите луѓе кои боледуваат од дијабетес тип 2 или хипертензија. Една помала студија покажала дека дебелите луѓе кои преминале на вегетаријанска исхрана, после еден месец имале пониски нивоа на потенцијално штетни бактерии како и помалку воспаленија и пониски нивоа на холестерол.

Претходна Сексуално преносливи болести, нивни симптоми и кои од нив барaат итна посета на лекар
Следна Kati Ferrera

Награден напис

Стар рецепт за чистење на цревата

Дигестивниот систем е една од најчестите „болки“ на современиот човек. За да може дебелото црево …

Чаша полна здравје

Дали знаете каква е всушност улогата на магнезиумот во нашите животи? Тој е важен за …

Don`t copy text!