Maserati Project24 го најавува тркачкиот MC20 со 740 КС

Maserati Project24 дебитираше во форма на рендер кој ја најавува верзијата на MC20 само за тркачките патеки.

Maserati има намера да произведе само 62 примероци од моделот Project24, а детали за цената и почетокот на испораката се уште нема. Автомобилот е придвижуван од 3.0-литарски Nettuno V6 мотор со двоен турбо полнач, кој развива 740 КС наместо 621 КС што ги испорачува во патниот модел MC20.

Моделот за патека добива 6-брзински секвенцијален менувач со самоблокирачки механички диференцијал со ограничено лизгање, додека MC20 има 8-брзински менувач со двојна спојка.

Project24 доби приспособливи амортизери и шипки против превртување, Brembo карбон-керамички сопирачки и 18-инчни бандажи со средишни навртки.

Дизајнот е потпишан од Centro Stile Maserati, а автомобилот ги изгубил фаровите на патната верзија и добил масивен вентилациски отвор на предниот капак кој помага да се насочи воздухот над телото. Предниот сплитер и задното крило се прилагодливи за да може аеродинамиката да се коригира на патеката.

Покрај огромниот спојлер, Maserati направи промена и во случајот на издувните цевки кои сега имаат повисока позиција на задниот браник за да може дифузорот да биде поголем.

Project24 тежи помалку од 1.250 kg, додека тежината на верзијата за патишта е 1.500 kg.

Со оглед на тоа што е автомобил на патеката, внатрешноста е соголена, а сега има ролна кафез и апарат за гаснење пожар според прописите на ФИА. За возачот е наменет безбедносен појас со шест точки, а пред него е мултифункционален карбонски волан. Достапни се адаптивни ABS и контрола на тракција.

Maserati нуди и неколку опционални надградби за Project24, а купувачите ќе можат да додадат совозачко седиште, камера за рикверц, телеметриско снимање, камера во кабината, дисплеј за оптимизирање на перформансите на возењето и систем за следење на притисокот.

Купувачите на автомобили ќе добијат пристап до следење на настани и поддршка за Maserati.

Претходна Сус – бисер на брегот на Медитеранот
Следна Google ја слави десетгодишнината од Play Store

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!