Дубаи го има првиот пловечки супермаркет

Дубаи се истакнува по многу работи: највисоки згради, вештачки острови, полиција со летала… За да се продолжи традицијата на уникатност, Дубаи го доби и првиот пловечки супермаркет.
Пловечкиот супермаркет, кој всушност претставува пловечка платформа усидрена во вода, е направен во соработка со францускиот ланец на супермаркети Carrefour.
Маркетот е наменет за клиентите што уживаат на јахти, оние што возат скутери на вода, а може да го користат и луѓето од блиските плажи.
Оние кои поседуваат пловила можат да пријдат, да нарачаат она што го сакаат и да почекаат да им ги дадат нарачаните производи, додека оние со поголеми пловила можат да нарачаат на телефон и нарачката да им се испорача. Нарачките, исто така, може да се вршат и преку апликација наречена Aqua Pod и потоа доставувач ја врши доставата.
Супермаркетот нуди повеќе од 300 производи, вклучително ладна и топла храна и пијалок, но и производи за хигиена и нега.
Пловечкиот супермаркет е дизајн на Aquatic Architects Design Studio од Дубаи и е фокусиран на екологијата. Пловилото за работа и движење користи батерии кои можат да се полнат.
Исто така, пловилото е опремено со систем за собирање отпадоци од водата.


 

Претходна Спектакуларна божиќна елка осветлена со петкилометарско осветлување во Вилнус, Литванија
Следна Брабус ја тјунираше новата А-класа на мерцедес

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!