Како да го исчистите телото од никотин

Откако сте успеале да се ослободите од навиката наречена пушење, останува да ја подобрите здравствената состојба и да ги надоместите витамините и минералите изгубени со пушењето.

Еве неколку продукти што ќе го исчистат телото од никотинот и ќе надоместат некои елементи во вашиот организам.

  • Спанаќ. Фолната киселина е многу важна за нормална работа и развој на телото и исто така помага при чистење на организмот од наталожениот никотин. Во спанаќот се наоѓаат големи количини на фолна киселина.
  • Брокула, карфиол и зелка. Овие зеленчуци се исклучително здрави. Освен што содржат полифеноли кои се корисни за намалување на воспаленија во дигестивниот систем, исто така содржат и антиоксиданси кои го чистат организмот од разни токсини. Варете ги што е можно пократко за да се зачуваат сите корисни елементи.
  • Морков. Никотинот ја уништува кожата, ја прави безживотна и сува. Ако сакате да го решите овој проблем создаден од пушењето, јадете повеќе моркови. Морковот содржи големи количини на витамини А, К, С и В кои претставуваат главни чистачи на телото.
  • Киви, лимон и портокал. Освен вода, пушењето го празни телото и од витамин С, А и Е, витамини што го јакнат имунитетот и помагаат организмот да се бори со разни инфекции и бактерии. За да ги надополните, јадете повеќе киви, портокал и сокови од цеден лимон.

Претходна Raquel Reign
Следна Како влијае еволуцијата на интелигенцијата во изборот на партнер

Награден напис

Стар рецепт за чистење на цревата

Дигестивниот систем е една од најчестите „болки“ на современиот човек. За да може дебелото црево …

Чаша полна здравје

Дали знаете каква е всушност улогата на магнезиумот во нашите животи? Тој е важен за …

Don`t copy text!