Роботот Каси постави рекорд во трчање на 100 метри

Каси, двоножен робот развиен од истражувачи од Државниот универзитет во Орегон, постави светски рекорд трчајќи 100 метри за 24,73 секунди.

Роботот тргна од стоечка положба, спринташе, а потоа се врати на почетната позиција без да падне.

Четириножните роботи можеби привлекуваат внимание кога станува збор за воената технологија, но двоножните се поинтересни за академската заедница. Работата на двоножни роботи бара експертиза во механиката, роботиката и компјутерите, а благодарение на нив, истражувачите учат многу за движењето на двоножниците, нешто што луѓето го земаат здраво за готово.

„Движењето и застанувањето додека стоите е многу потешко од трчањето, исто како што полетувањето и слетувањето е потешко од летањето со авион“, вели Алан Ферн, професор по вештачка интелигенција, кој работи на проектот за развој на роботот Каси од 2017 година.

Научниците „натрупаа“ еден тон симулации во само седум дена за да ја научат Кеси да трча брзо. Процесот се нарекува „паралелизирање“, каде што многу процеси и пресметки се одвиваат истовремено, а токму тоа и овозможува на Каси да помине низ неколку искуства за обука во исто време.

Роботот беше научен на широк опсег на одење, и како што истражувачите го учеа да забрзува, Каси брзо го оптимизираше темпото слично на начинот на кој трчаат луѓето.

Голем предизвик за истражувачите беше Кеси да го започне и заврши својот подвиг во стоечка положба без да падне. Роботот не е опремен со надворешни сензори или камери, па затоа секогаш работи „слепо“.

Развојот користи буџет од еден милион долари обезбеден од агенцијата DARPA, а роботот е резултат на 16-месечна работа на одделот за роботика и вештачка интелигенција. Ова е првиот двоножен робот кој користи машинско учење за да го контролира одењето на отворено, а исто така може да се качува и спушта по скали.

Во август, Кеси постави уште еден рекорд откако научи да оди и пешачеше растојание од 5 километри самостојно во универзитетскиот кампус.

Претходна Брус Вилис ги отфрли наводите дека ги продал правата на својот лик поради дијагнозата на афазија
Следна Зошто треба почесто да јадете печурки

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!